Производството на храна по стандардите „Kошер“ и „Халал“ станува с` поинтересно за домашните фирми. Ако до пред десетина години во земјава воопшто немаше, сега има цели линии и фабрики за производство на храна според верските правила на еврејската и муслиманската заедница. Но, според експертите, ваквата храна во последно време се консумира с` повеќе и од луѓе што воопшто не припаѓаат на тие верски заедници. Ваквиот начин на производство го прифаќаат како стандард за безбедна храна. Во светот за храна подготвена по верски правила се трошат дури 1,2 милијарда долари годишно. Kај нас производството по „Халал“ и „Kошер“ почна да се развива во последно време и најголем дел од оваа храна се извезува.
Производството на храна по стандардите „Kошер“ и „Халал“ станува с` поинтересно за домашните фирми.
Ако до пред десетина години во земјава воопшто немаше, сега има цели линии и фабрики за производство на храна според верските правила на еврејската и муслиманската заедница. Но, според експертите, ваквата храна во последно време се консумира с` повеќе и од луѓе што воопшто не припаѓаат на тие верски заедници. Ваквиот начин на производство го прифаќаат како стандард за безбедна храна. Во светот за храна подготвена по верски правила се трошат дури 1,2 милијарда долари годишно. Kај нас производството по „Халал“ и „Kошер“ почна да се развива во последно време и најголем дел од оваа храна се извезува.
- Првото производство годинава ни беше по стандардот „Kошер“ наменет за еврејската заедница. Станува збор за производство за позната трговска марка на бисквит „ресана“, кој беше наменет за извоз. Преговараме и за друг тип производи, но за нив ќе зборуваме откако ќе се реализираат - вели Фросина Мешкова, директор на „Свислион Мак“.
„Kошер“ значи дека храната е погодна за употреба во согласност со прописите на еврејската вера или дека храната со нивен сертификат е без супстанции забранети со еврејските верски закони. Правилата вклучуваат голем број дозволени и забранети животни, немешање на млеко и месо, забраната за јадење крв...
Животните што се јадат мора да бидат заклани во согласност со прописите, односно со примена на метод со кој се предизвикува минимална болка и со која од телото се исфрла речиси целата количина крв. Пред почетокот на производството рабин го благословува процесот и луѓе од еврејската заедница се присутни за време на целото производство до пакување и складирање на готовите производи. Во исхраната може да се користи месо од животни што „преживаат“ и имаат раздвоени копита. Ако е исполнет само еден од условите, тоа месо не се јаде. Во принцип се користи месо од кози, крави и од овци, а свинско, според „Kошер“, не се користи. Од пилешкото месо освен од кокошки се користи и месо од гуски, патки и од шатки. Во производството се користи и млеко, но строго се забранува мешање млеко и месо во еден производ. Во исхраната според „Kошер“ може да се користи и риба што има лушпи и перки, како туна, лосос, или харинга и ракчиња, а ракови или јастози не може да се употребуваат. Овошјето и зеленчукот се храна по „Kошер“, но ако во нив, на пример, има инсекти со многу нозе, односно се загадени со гасеници, се забрануваат.
„Халал“, пак, е еден сеопфатен концепт, кој од муслиманите бара да користат производи, активности и услуги дозволени од шеријатот, односно се чисти во секој поглед.
Забранети за консумација се млеко, месо, јајца и нивни производи од домашни и диви животни и птици, кои умираат или не се заклани по шеријатскиот закон, крв, свињи, животни и месојади што имаат отровни заби. Исто така не е дозволена која било храна што содржи суровини или производи од генски модифицирани организми или состојки произведени со користење генски материјал кој потекнува од животни што не се по „Халал“. Строго се забранува и храна во чија подготовка се користи алкохол. Kај нас неколку фирми произведуваат по овој стандард.
Во фирмата „Ука комерц“ велат дека уште од отворањето на фабриката до денес произведуваат исклучиво по „Халал“.
- Нашите производи се од говедско и пилешко месо и се произведени само по овој стандард. Секое парче суво месо или паштета е произведена на специфичен начин. Асортиманот освен на домашниот пазар, го има и во речиси сите соседни држави - велат во „Ука комерц“.
Србија водечка по производството „Kошер“
Од балканските држави, Србија е водечка по производството „Kошер“. Тамошните медиуми пишуваат дека во последната деценија во просек од осум до десет компании годишно бараат сертификација за „Kошер“. Во светот многу се почитуваат и „Халал“ и „Kошер“ бидејќи на тој начин на производство се гледа како на здрава храна.
Статистичките податоци покажуваат дека, на пример, во Франција халал-храна два пати повеќе ја користат немуслиманските граѓани отколку припадниците на муслиманската верска заедница.